• Горан Упале

Познати се сите учесници на Европското фудбалско првенство годинава, а обложувалниците ги објавија коефициентите за најголемиот турнир на стариот континент.
Букмејкерите како прв фаворит ја посочуваат Англија, за чиј триумф за еден облог од еден денар добивате четири денари. Втора е Франција со квота 4,5, а трета Германија со квота 7. Потоа следуваат Шпанија, Португалија, Италија, Белгија..., а аутсајдерското место ѝ припаѓа на Албанија со квота 201.
- Еве го комплетниот преглед на сите коефициенти за ЕП 2024:
Англија 4, Франција 4,5, Германија 7, Шпанија 8, Португалија 9, Италија 15, Белгија 15, Холандија 17, Данска 26, Хрватска 41, Швајцарија 41, Турција 51, Австрија 67, Србија 67, Шкотска 81, Унгарија 81, Украина 81, Полска 81, Чешка 101, Романија 151, Словачка 151, Словенија 151, Грузија 151, Албанија 201.
Европското првенство ќе се одржи во Германија, а бранител на титулата е Италија, откако пред три години во големото финале на „Вембли“ ја совлада Англија по изведувањето на пенали.