• Горан Упале

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, потпиша нов договор со кој ќе остане на оваа функција до декември 2024 година.
Саутгејт, чиј претходен договор требаше да истече по зимското Светско првенство во 2022 година во Катар, на кормилото на „Гордиот Албион“ седна во ноември 2016 година и досега зад себе има оставено одлични резултати со селекцијата. Тој ја водеше Англија до финалето на Европското првенство, како и до полуфиналето на последното Светско првенство во Русија.
„Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на играчите и на тимот за поддршката и за нивната напорна работа.
Неверојатна привилегија е да се води овој тим. Имаме одлична шанса и можности пред нас“, рече Саутејт.
Под негово водство Англија без многу проблеми обезбеди пласман и на собирот во Катар во 2022 година, а покрај неговиот параф, нов договор потпиша и помошниот Стив Холанд, кој ја продолжи соработката со селекцијата до крајот на 2024 година.