Англија ја доби заслужената казна за дивеењето на навивачите на финалето на ЕП

Англија

Англиската репрезентација ќе игра без навивачи на следните два меча „под капата“ на УЕФА, поради инцидентите во пресрет на финалето на Европското првенство.

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) исто така ќе мора да плати 100.000 евра поради недостаток на ред и дисциплина внатре и околу стадионот, за инвазија на теренот од страна на навивачите, за фрлање предмети и за нарушувањата од страна на трибините за време на интонирањето на националните химни.

Казната ќе важи за првото коло од следното издание во Лигата на нации. Вториот меч засега е „суспендиран“ и ќе се искористи, ако има потреба од дополнителни санкции.

Англиските навивачи без билети се пробиваа низ бариерите на „Вембли“ на 11 јули, предизвикувајќи хаос и предизвикувајќи судири пред, за време и по поразот на Англија од Италија по изведувањето пенали.

Полицијата објави дека се уапсени 26 лица кои беа дел од случувањата на стадионот во Лондон. Деветнаесет полицајци се здобија со повреди како дел од полициската акција.

Состави

Роберто Манчини

4-3-3

    Герет Саутгејт

    5-2-3