Англија испадна од Лига А, но Саутгејт е задоволен: Ова е чекор во вистинска насока

Фудбалската селекција на Англија загуби од Италија на „Сан Сиро“ и доживеа голема бламажа, бидејќи следната сезона ќе игра во понизонк ранг од Лигата на нации.

И покрај последното место во групата, селекторот Герет Саутгејт смета дека оваа средба е најава за подемот пред Светското првенство во Катар.

„Тешко е да се биде премногу критичен по натпревар во кој имавме повеќе посед, повеќе удари кон голот. Лично мислам дека ова е чекор во вистинската насока, но разбирам дека реакцијата поради крајниот резултат ќе биде екстремна.

Навистина не можам да објаснам зошто не постигнуваме голови. Влегуваме во шанси, но на моменти имаме проблем со последниот пас“, вели селекторот на Англичаните.

Во репризата на последното финале на Европското првенство „аѕурите“ славеа со минимални 1-0.

Состави

Герет Саутгејт

4-2-3-1