ВИДЕО: Англија и Венецуела ќе играат финале на младинскиот Мундијал

Репрезентациите на Англија и Венецуела ќе играат во финалето на Светскто пренство за фудбалери до 20 години во Јужна Кореја. Во мечот кој сите го окарактеризираа како финале пред финалето, Англија ја совлада Италија со 3-1 (0-1) со неверојатен пресврт во последната четвртина од мечот.

Момците на Албериго Евани поведоа уште во 2. минута со голот на новиот член на Јувентус, Орсалини. „Азурите“ играа подобро во првиот дел, но Англичаните во продолжението се надминаа себе си и со двата гола на Доминик Соланке и еден на Лукман стигнаа до победа од 3-1.

Венецуела за првпат ќе игра финале на еден Мундијал во било која возрасна категорија. Во јужноамериканското полуфинале Венецуела го победи Уругвај со 4-3 по изведување на пенали, откако по 120 минути конечниот резултат беше 1-1. Соса во последната 90. минута ја спаси Венецуела од пораз, откако Де ла Круз од пенал во 49. минута ги доведе Уругвајците во водство. Голманот на Венецуела, Фаринез со два одбранети пенали ја понесе улогата на јунак.