Англија и Шпанија со два претставници, Русија најголем губитник во ЛЕ

Англија и Шпанија со по два претставници остануваа земјите со најголеми шанси да играат во финалето на Лига Европа на 29 мај во Баку. Русија е најголем губитник, бидејќи двата претставници на руската Премиер лига, Краснодар и Зенит, се елиминирани во осминафиналето.

Осминафиналисти на Лига Европа:
- Арсенал
- Челзи
- Наполи
- Бенфика
- Славија Прага
- Ајнтрахт Франкфурт
- Валенсија
- Виљареал 

Ждрепката за четвртфиналето е закажана за утре во 13:00 часот, а натпреварите кои ќе ги дадат полуфиналистите се играат на 11 и 18 април.