• Горан Упале
Фудбалската репрезентација на Англија ѝ се одмазди на Грција за поразот во нивното прво соочување во оваа сезона во Лигата на нации и со триумфот среде Атина (0-3) се искачи на лидерската позиција на табелата во групата и сега се поблиску до враќање во А конкуренцијата.
- Грција - Англија 0-3:
На „Олимпискиот стадион“ момците на Ли Карсли рутински обезбедија нови три бода на своето конто, а најзаслужни за тоа беа Оле Воткинс, Џуд Белингем (по негов удар голманот на Грција си даде автогол) и Куртис Џонс. Во последното коло во кое „Гордиот Албион“ треба да го потврди првото место противник ќе му биде Северна Ирска.
Во дербито на вечерта, селекцијата на Италија со минимални 0-1 (0-1) славеше на гостувањето против Белгија. Херој на „азурите“ беше асот на Њукасл, Сандро Тонали, кој оваа вечер вечно ќе ја памети, бидејќи го постигна првиот погодок по враќањето од суспензијата.
- Белгија - Италија 0-1:
Најголемото разочарување во денешниот ден во Лигата на нации е селекцијата на Франција, која без неколку ѕвезди во тимот пред својата публика не успеа ги освои сите три бода против Израел и одигра скромни 0-0.