Англија и Германија доминираат во идеалниот тим на У21 шампионатот

Новите ѕвезди на европскиот фудбал ги покажаа своите квалитети на неодамна завршениот континентален собир за фудбалери до 21 година. 

Нов европски шампион е репрезентацијата на Англија, од која доаѓаат најголем дел од играчите што добија место во идеалниот тим на турнирот. Тоа се голманот Џејмс Бидл, дефанзивците Тино Ливраменто и Чарли Кресвел, а во средниот ред се најдоа Елиот Андерсон и Џејмс Мекати. 

Нападот е предводен од Харви Елиот од Ливерпул, кому му се „придружија“ младите ѕвезди на Германија и Португалија, Ник Волтемаде и Џовани Квенда. Листата ја дополнуваат Германците Брајт Ари-Мби и Ерик Мартел и Французинот Квентин Мерлин.