Англија го направи најголемиот успех во 21. век, но Саутгејт пак е незадоволен! 

Фудбалската селекција на Англија за само една година играше две полуфиналиња на големи натпреварувања, но на истите ја немаше потребната среќа за обезбедување на меч за титулата.

Лани беше меѓу четирите најдобри на Светското првенство во Русија, додека изминатиов викенд учествуваше во полуфиналето на Лигата на нации. Така, „Гордиот Албион“ го запиша својот најголем успех во 21. век, но и покрај тоа селекторот Герет Саутгејт не е задоволен. 

„Никој од нас не е задоволен со две полуфиналиња. Сакаме да одиме понатаму, да играме и финале. Тоа си го ветивме уште минатата година“, рече младиот стратег. 

Англија во полуфиналето на Лигата на нации по продолженијата беше елиминирана од Холандија, додека во борбата за третото место преку пеналите ја совлада Швајцарија.