ВИДЕО: Англија погоди по акција од соништата, против сензацијата на ЕП У21 за финале

Фудбалската репрезентација на Англија до 21 година е третиот полуфиналист на Европското првенство (ЕП) за младинци кое се одржува во Грузија и Романија благодарение на триумфот против Португалија (1-0).

„Гордиот албион“ единствениот погодок за победа го постигна во првото полувреме и тоа по акција од соништата. Тргнаа Англичаните од својот гол и „везеа“ се додека не го најдоа патот до мрежата на „европските Бразилци“.

Стрелец беше Ентони Гордон од тимот на Њукасл, кој реализира во 34. минута по асистенција на најдобриот проигрувач на младинскиот шампионат, Гибс-Вајт.

Англија У21 во полуфиналето на ЕП У21 ќе игра со најголемата сензација досега, тоа е репрезентацијата на Израел У21 која ја игра својата прва нокаут-фаза во историјата. Во второто полуфинале чека Шпанија У21, а ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Франција и Украина (20:45 часот).