Манчестер Јунајтед повторно не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и одигра само 1-1 против Тотенхем, иако во второто полувреме имаше целосна контрола врз играта, а во завршницата и играч повеќе. „Црвените ѓаволи“ веќе имаат причина за сериозна загриженост, бидејќи ова не е првпат да не успеат да го искористат ваквиот подарок од противникот.