Англичаните збунети: Што правеше Алиоски на дресот на Хернандез? (ВИДЕО)

Екипата на Лидс Јунајтед со фантастичен пресврт успеа да победи на гостувањето кај Астон Вила (2-3), а македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски имаше солидна улога во триумфот, но истовремено се најде и „на тапет“ кај островјаните.

Крилото на англискиот второлигаш при еден прекин направи чуден потег. Додека се подготвуваа да изведат слободен удар, Алиоски се доближи до дресот на Хернандез и ги збуни сите.

Потегот на македонскиот фудбалер веднаш се рашири на социјалните мрежи, а од Островот се прашуваат - што ли правеше Алиоски на дресот на неговиот соиграч...

Потегот на Алиоски предизвика смеа и кај коментаторот.