ФОТО: Англичаните почнаа да плачат – оштетени сме, судијата нè украде!

Англија сонуваше за мундијалско финале по 52 години, но на патот на избраниците на Герет Саутгејт застана храбрата Хрватска, која преку пресврт славеше со 2-1 и ќе игра финале со големата Франција

Трипие со феноменален гол од слободен удар донесе англиско водство од 1-0, но Перишиќ на стартот на вториот беше побрз од Вокер и го совлада Пикфорд за 1-1. Токму овој гол на фудбалерот на Интер крена многу прашина кај англиската јавност околу неговата регуларност, а фановите на „Гордиот Албион“ виновникот го најдоа во турскиот делител на правдата.