Англичаните немилосрдни: Џерард пак „се лизна“ и го остави Ливерпул без трофеј

Екипата на Астон Вила, предводена од Стивен Џерард, испушти водство од 0-2 против шампионот на Англија, Манчестер Сити кој со славје од 3-2 ја обезбеди титулата. Гостите на „Итихад“ беа во одличен моментум да му го сервираат трофејот на Ливерпул, но за само пет минути се распаднаа. 

Англиските критичари веднаш се јавија и направија интересна монтажа, која може да се прогласи и за сеир на сезоната. Имено, со монтирана фотографија посочија дека Џерард одново „се лизна“ и не успеа да му донесе трофеј на Ливерпул. Се алудира на моментот кога легендата се лизна и му дозволи на Демба Ба и Челзи да слават во дербито кое ја одлучи титулата во 2014 година. 

Сега, избраниците на Џерард водеа со два гола до 76. минута, а потоа за само пет стрелаа двапати Гундоган и Родри за титула. Јасно е дека се работи за шега, меѓутоа Џерард не го памети по добро пролетниот пораз од Челзи во 2014 година и уште го прогонува.