• Иван Димовски
Англиските фудбалски аналитичари Гари Линекер и Мика Ричардс не веруваат дека Арсенал поседува индивидуален квалитет за да ја освои Лигата на шампионите.
„Топџиите“ минатата сезона стигнаа до финалето, но загубија од ПСЖ на пенали, додека во новата кампања стартуваа со победа над Наполи. Сепак, Линекер смета дека англискиот тим заостанува зад дел од европската елита кога се во прашање големите индивидуални ѕвезди.
„Арсенал ќе биде еден од фаворитите, но мислам дека во целина немаат баш такви суперѕвезди какви што имаат некои други големи клубови во Европа. Мислам дека Барселона би можела да биде многу незгодна и дека ќе биде тешко да се победи оваа сезона, особено сега кога го имаат Родри на таа клучна позиција“, изјави Линекер.
Освен него, мислењето го дели и Ричардс кој е еден од аналитичарите во најпознатото студио за Лигата на шампионите на „ЦБС“.
„Немам никаков сомнеж кога се зборува за Арсенал во Премиер лигата, ама не сум сигурен за Лигата на шампионите. Мислам дека за нив ако сакаат да станат вистинска сила во Европа идеален би бил Хулијан Алварез“, смета Ричардс.
За потсетување, ова лето и Арсенал од страна ја следеше сагата околу Аргентинецот и неговиот статус во Атлетико Мадрид. Алварез на крајот остана во овој клуб и покрај јавното незадоволство.






