• Зоран Мишевски

Пред клучниот натпревар од осминафиналето на Европското првенство провејуваат оптимистички вести во таборот на „Гордиот Албион“. Англиската Фудбалската асоцијација (ФА) планира да му понуди нов договор на селекторот Герет Саутгејт, без разлика на резултатот на шампионатот. Саутгејт има активен договор до Светското првенство во Катар во 2022 година, но федерацијата сака да испрати порака и да му даде дополнителна доверба.
Извршниот директор на ФА, Марк Булингем потврди дека федерацијара ќе почне со преговорите со Саутгејт по Европското првенство.
„Би сакале тој да продолжи со репрезентацијата, бидејќи ја има нашата почит. Сметаме дека завршува одлична работа и ќе почнеме со формални преговори по Европското првенство“, вели Булингам.
Осминафиналето меѓу Англија и Германија се игра в понеделник од 18:00 часот.