ВИДЕО: Англичаните ја изиграа одбраната на Рома, Фенер со бод ја отвори ЛШ

Турски Фенербахче имаше успешен кам-бек во Лигата на шампионите, откако одигра 1-1 против фаворизираната Рома во првото коло од елитата оваа сезона.

  • Фенербахче - Рома 1-1:

Рома одлично го отвори натпреварот и од самиот почеток ја презеде иницијативата, притискајќи го Фенербахче на неговата половина. Првата сериозна можност за гол ја имаше Пауло Дибала, кој упати силен удар од полудистанца, но Едерсон одлично интервенираше и спречи рано водство на гостите. Бразилскиот голман, кој не доби повик од Карло Анчелоти за првата репрезентативна пауза оваа сезона, беше на вистинското место и при уште неколку обиди на Рома.

Сепак, во 39. минута немаше никакви шанси да реагира. Кристанте прими топка на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар по земја ја смести во самиот агол од голот за 0-1. Рома заслужено дојде до предност, со која се замина и на полувремето.

Фенербахче фуриозно го започна вториот дел и многу брзо стигна до израмнување. Во 48. минута, Гринвуд одлично го проигра Браун, а овој со мајсторски лоб го матираше Свилар за 1-1 и ерупција на трибините во Истанбул. По израмнувањето следеше вистинска фудбалска битка. Двете екипи имаа свои моменти и тргнаа по победнички гол, но и покрај неколкуте добри прилики, мрежите мируваа до самиот крај. Така, Рома и Фенербахче мораа да се задоволат со по еден бод по интересното реми 1-1.

Без победник заврши и натпреварот во Холандија, каде што ПСВ Ајндховен одигра 1-1 против Шахтјор. Украинскиот шампион поведе во првата минута од судиското надополнување во првиот дел, со голот на Мендоза, додека на стартот од второто полувреме израмни Дест.