• Иван Димовски

Сите три европски клупски натпреварувања го завршија лигашкиот дел и се чека ждрепката за плеј-оф рундите.
На европската сцена по првата фаза најбројни останаа Англичаните и Италијанците кои имаат по седум претставници во сите натпреварувања на УЕФА. По нив следи Шпанија со шест, додека по солидни пет претставници имаат Германија, Франција, Холандија и Белгија.
Четири португалски клубови ќе играат европска пролет, додека многу интересно е што по три грчки и кипарски екипи исто така се во плеј-офот. По два тима во нокаут рундите ќе имаат Турција, Норвешка, Шкотска, Данска, Полска и Словенија.
Со по еден клуб претставник во европската пролет останаа: Чешка, Австрија, Швајцарија, Шведска, Србија, Унгарија, Романија, Ирска, Исланд и Босна и Херцеговина.