Англичаните донесоа одлука – Саутгејт останува селектор!

Неколку дена по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, Герет Саутгејт и Фудбалскиот сојуз на Англија донесоа одлука со иднината на селекторското место.

Во репрезентацијата нема да има промени и Саутејт останува селектор на „Гордиот Албион“. Поранешниот дефанзивец шест години е селектор на „Трите лава“, но по елиминацијата на Светското првенство во Катар не сакаше да дава никакви изјави во врска со својата селекторска иднина.

На негова сметка имаше многу критики по елиминацијата во четвртфиналето, иако откако дојде на клупата Англија играше во полуфиналето на Светското првенство во Русија и во финалето на Европското првенство 2020. Од друга страна Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) со јавните соопштенија имаше само пофални зборови за Саутгејт, па јасно беше дека ФА сака тој да остане селектор.

Се очекуваше Саутгејт да се огласи дури на почетокот на следната година, ама дури сега пристигнаа потврдите дека тој останува на селекторското столче.