• Иван Димовски
Англија беше елиминирана во полуфиналето на Светското првенство по поразот од Аргентина (2-1), а селекторот Томас Тухел се најде на удар на критиките поради дефанзивниот пристап во завршницата од натпреварот.
Англичаните поведоа во 55. минута, но иако имаше уште многу да се игра, Тухел реши неговата репрезентација целосно да се повлече и да ја брани предноста. Таквата тактика не вроди со плод. Аргентина создаде голем број шанси, реализираше две од нив и со пресврт обезбеди место во финалето.
Иако дел од англиската јавност бара смена на германскиот стратег, Англиската фудбалска асоцијација нема намера да го раскине договорот со него.
Според информациите од Англија, Тухел ја има целосната доверба од раководството и ќе остане селектор најмалку до истекот на актуелниот договор во 2028 година, што значи дека ќе ја предводи репрезентацијата и на следното Европско првенство.

