ВИДЕО: Англичани по примерот на Јапонците, исчистија цела фан-зона во Португалија

Англија навивачи

Локалните граѓани беа изненадени од англиските фанови за време на натпреварите во Лигата на нации.

Завршниот турнир го освои домашната репрезентација на Португалија, а тимот на Герет Саутгејт по пенали стигна до бронзениот медал во дуелот со Швајцарија.

Англичаните често знаат да направат хаос каде и да се појават. Во текот на цел ден пијат алкохол, пеат навивачки песни и се забавуваат додека дојде време да се тргне накај стадионот.

Голема промена во нивното однесување беше забележана за време на викендот кога добија аплауз од присутните граѓани. Тие ја исчистија цела фан-зона и по примерот на јапонските спортисти, кои ја започнаа оваа „традиција“, направија фантастичен гест.