Англичанецот Алан Пардју именуван за нов тренер на Ден Хаг

Англиските тренери ретко се решаваат да посегнат по интернационален ангажман и главно работат на Островот. Холандскиот Ден Хаг синоќа објави дека нов тренер на екипата е 58-годишнио Алан Пардју. Тој ќе ја води екипата до крајот на сезоната, а потоа ќе седне на заедничка маса и ќе разговара со клупската управа за својата иднина. 

Пардју работеше во Вест Хем во сезона 2017/18, а претходно ги водеше и Кристал Палас, Њукасл и Саутемптон.

Ден Хаг е 17-ти,во Ередивизие и има само 13 бода од 18 средби.

Последен англиски тренер кој работел во Холандија е Стив Мекларен, кој го водеше Твенте.