Англичанец во Панчево: Екс член на Челзи ќе игра во српскиот фудбал 

Српскиот суперлигаш Железничар од Панчево го промовираше првото засилување за новата сезона, англискиот дефанзивец Били Џи.

20-годишниот стопер потпиша договор до 2029 година и доаѓа како инвестиција за иднината, откако помина низ академијата на Челзи, а последните две сезони настапуваше за развојниот тим на Норич.

„Многу сум среќен што сум тука. Од првиот момент имам одличен впечаток за клубот и градот. Се работи за вистинско семејство и едвај чекам да започнам“, изјави Џи.

Железничар зад себе има историска сезона во која заврши на четвртото место во Суперлигата, па летово ќе игра и во квалификациите за Конференциската лига, каде ќе се соочи со Брага.

Новата сезона во српскиот шампионат Железничар ја отвора на 18 јули со дуел против Раднички Ниш.