Англичанец со еден „твит“ го навлече гневот на Албанците: Косово не постои

Косово

Вчерашната ждрепка во Даблин ги одреди квалификациските групи за Европското првенство 2020 година.

Во групата А завршија Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора и Косово, а ваквиот исход го прокоментира познатиот англиски новинар, Сем Стрит.

Тој се пошегува на сметка на репрезентацијата на Косово и покрај знамето на државата ги стави зборовите „404 Not Found", што предизвика бурни реакции кај Албанците од Косово.

Истовремено, Англичанецот ги одушеви српските фанови, кои го поздравија и испратија комплименти на овој коментар.

Косовската фудбалска репрезентација е дел од ФИФА од мај 2016 година.