Англичанец ќе игра во Примера: Трипие потпиша за Атлетико Мадрид

Не постојат клубови кои потрошија повеќе од двата мадридско гиганти ова лето. Членот на лондонски Тотенхем и англискиот репрезентативец Киран Трипие се сели во Шпанија и официјално е нов член на Атлетико Мадрид.

За 20 милиони фунти клубот од „Ванда Метрополитано“ доведе нов десен бек и замена за Хуанфран, кому му истече договорот на крајот од минатата сезона. Диего Симеоне веднаш ќе го има на располагање својот нов бек, а утре Трипие ќе биде претставен пред медиумите. 

28-годишниот Трипие е дете на Манчестер Сити, но по позајмиците во Барнсли и Барнли, „граѓаните“ не го препознаа неговиот талент и по заобиколем пат во Тотенхем блесна и стигна до репрезентацијата на Англија. За „Гордиот Албион“ запиша 16 натпревари и го освои четвртото место на последното Светско првенство во Русија. 

Претходно, „јорганџиите“ потпишаа со Жоао Феликс, Љоренте, Шапоњиќ, Херера, Фелипе...