Ангеловски: Заслужуваме прво место и пласман во Лига Б

Македонија ја оствари целта, славеше над Естонија на домашен терен (2-1) и ги задржа шансите за лидерската позиција. Селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата истакна дека е задоволен од победата, но се соочува со мали проблеми во составот пред гостувањето кај Ерменија.

„Сакаме да бидеме први во Лига Ц, целиме кон Лига Б. Ја добивме Естонија, сега одиме на Кипар. Немаме пораз оваа сезона, ги победивме сите во Лигата на нациите. Заслужуваме да ја заокружиме оваа година со победа. Не смее да мислиме дека сме непобедливи и покрај резултатите. 

Секој оној што ќе добие шанса, мора да покаже дека заслужил да ја добие. Имаме мали проблеми во составот, Елмас се жали на повреда, не може да сметаме на суспендираните Николов и Спировски, Ристевски не може да патува во Никозија, ќе се потрудиме да ги покриеме“, изјави Ангеловски.

Последниот натпревар од Лигата на нации, Македонија го игра за три дена во Кипар, каде ќе се соочи со селекцијата на Ерменија.