Ангеловски со нов проблем, Велковски го чека подолга пауза

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски повторно е повреден и овој пат го чека подолга пауза, потврдија од таборот на хрватска Ријека,.

Стоперот доби шанса да стартува во јадранското дерби со Хајдук Сплит, но по само 16 минути игра се здоби со повреда. Го напушти теренот држејќи се за задната ложа, а информацијата дека се работи за таква повреда ја потврди и тренерот Игор Бишчан.

  • Моментот кога Дарко Велковски се повреди против Хајдук:

Велковски беше старндарден во А-репрезентацијата на стоперската позиција, па тоа сега отвора проблем за селекторот Игор Ангеловски, пред квалификациските мечеви против Словенија и Полска во октомври.

Овие два дуела се од голема важност за Македонија, а Велковски се очекува да отсуствува најмалку еден месец.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0