Ангеловски в четврток ги отвора картите за Австрија и Полска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го закажа датумот на кој ќе го објави списокот за натпреварите против Австрија и Полска кои се играат во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Ангеловски во овој прозорец од квалификациите нема да може да смета на Езџан Алиоски кој е повреден, додека неизвесен е настапот на Александар Трајковски и Илија Несторовски кои се повредија на еден од натпреварите за Палермо. 

Повреда на ребрата има и Иван Тричковски, повреден е и Кире Маркоски, кој не играше на последните два меча за Спартак Трнава, тука е и Дарко Велковски од Ријека, но не е познато до каде се нивните повреди. 

Списокот за наредните два меча кои ќе се играат во Скопје, Ангеловски ќе го објави в четврток од 12:00 часот.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 4 4 0 0 8:0 8 12
2 ИзраелИзраел 4 2 1 1 8:7 1 7
3 АвстријаАвстрија 1 4 2 0 2 7:6 1 6
4 СловенијаСловенија 1 4 1 2 1 7:3 4 5
5 МакедонијаМакедонија 2 4 1 1 2 5:7 -2 4
6 ЛетонијаЛетонија 4 0 0 4 1:13 -12 0