Ангеловски: Тоа што е добро не се менува, на Јаховиќ му посакувам сè најдобро

Македонскиот фудбалски селектор, Игор Ангеловски за пријателскиот натпревар против Норвешка се одлучи да не направи ниту една измена во составот во однос на последниот, кога Македонија ги одигра завршните две кола од квалификациите за СП во Русија против Италија и Лихтенштајн

Меѓу избраните е се најде само младиот фудбалер на Фенербахче, Ељиф Елмас, кој е повикан во составот на младинската репрезентација до 19 години за претстојниот претквалификациски турнир кој овој месец ќе се одржи во Скопје

„Тоа што е добро не се менува, па затоа се одлучив за ист состав како претходниот. Мислам дека имаме една добро селектирана група на играчи кои веќе на терен почна да делува како тим, што искрено ме радува. Норвешка игра сосема поразличен фудбал од нас и баш заради тоа се одлучивме во овој репрезентативен термин да се судриме со неа. За нивниот селектор не треба многу да зборуваме, бидејќи знаеме што направи со селекцијата на Исланд во минатото“, изјави Анегеловски. 

Селекторот во продолжение зборуваше и за ситуацијата со Адис Јаховиќ и зошто повторно не е на неговиот список.

„Тој изјави дека не сака повеќе да го облече репрезентативниот дрес. Не сакам да зборувам многу околу неговата одлука, но сакам само да му се заблагодарам за трудот што досега го даде за репрезентацијата“, додаде Ангеловски. 

Мечот против Норвешка ќе се одигра на Националната арена „Филип Втори“ на 11 ноември со почеток од 18.30 часот.