Ангеловски: Со прикажаното во овој циклус го заслуживме третото место

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски на прес-конференција во Скопје ги истакна своите очекувања од утрешниот дуел во квалификациите за ЕУРО 2000. против Израел на Националната арена „Тодор Проески“.

Наша цел е третото место, а за остварување потребна е победа над Израелците и пораз на Словенија во Полска.

„Одлично се познаваме со Израел, игравме и во минатите квалификации. Секој меч е посебен, но јасно е дека нивни главни адути се напаѓачите, пред сè Захави и Дабур. Нападот им е доста опасен, но како тим имаат и свои слабости, кои ние ќе се обидеме да ги искористиме. Кога игра репрезентацијата сакаме поддршка, на последните натпревари имавме полни трибини, а фудбалерите вратија на најдобар начин. Подготвени сме и мотивирани повторно да ги израдуваме повторно нашите навивачи. За нас не постои притисок за да го освоиме третото место, туку ние на таа шанса гледаме како мотив. Овие фудбалери за сето тоа што го покажаа во овие квалификации заслужија да завршат како трети. Ние одиме на победа, а колку ќе биде доволно ќе видиме“, вели селекторот Игор Ангеловски. 

За разлика од дуелот во Виена, Македонија ќе настапи без Стефан Спировски, Александар Трајковски и Марио Младеновски. Последниот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020. македонската репрезентација го игра утре од 20:45 часот.