Ангеловски: Размислувам само како да ја победиме Словенија!

Фудбалската репрезентација на Македонија е подготвена за следниот предизвик во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година, а ривал ќе биде Словенија, селекција за која селекторот Игор Ангеловски смета дека може да се победи.

Првиот меѓусебен натпревар во Љубљана заврши без победник (1-1), а сега Словенците гостуваат во Скопје, во дуел кој е од голема важност и за двете репрезентации, затоа што и двете се во игра за второто место.

„Словенија има проблеми со авионот, им посакувам безбеден лет и да пристигнат во Скопје што е можно побрзо. Ние играме одлично, очекувам интересен дуел, меч на слични репрезентации на теренот. Имаме две отсуства, за нас тоа е проблем, но за тоа не сакам да разговарам, ситуацијата е таква каква што е. На терен ќе излезат 11 подготвени фудбалери, спремни за борба и игра и за она што сите го посакуваме. Не се сомневам во моите фудбалери. Не ме интересира во моментов табелата, размислувам само како да ја добиеме Словенија. Размислувам од меч во меч, прво Словенија, а потоа Полска“, изјави Ангеловски.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра в четврток од 20:45 часот, а три дена подоцна, нашиот национален тим гостува кај Полска, во дуел кој се игра во Варшава.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0