• Мартин Танасковски

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски уште ја чека првата победа со клубот Горица во рамки на ХНЛ-лигата.
Горица иако со играч повеќе во поголемиот дел од натпреварот, не успеа да го победи Славен Белупо (1-1). Славен поведе прв во 9. минута, а десетина минути подоцна Горица се избори за бод.
Игор Ангеловски нема победа во хрватскиот шампионат, единствениот триумф со Горица му е во Купот на Хрватска. Тимот е последен во ХНЛ-лигата и го чека тешка борба за опстанок во елитата.