Ангеловски: Не се жалам за состојбата, јунаците на мака се познаваат!

Фудбалската репрезентација на Македонија го имаше првиот собир пред пријателскиот натпревар против Норвешка кој се игра во ноемврискиот слободен термин. Селекторот Игор Ангеловски има многу проблеми со повредени фудбалери и отсуства, но вели дека не се жали и дека ќе направи сѐ од себе да склопи тим кој ќе биде конкурентен.

„Норвешка преферира дуел-игра, сакаат скок дуели. Очекувам да одговориме на нивниот стил на игра и да пробаме да наметнеме наш стил на игра. Јас не се сомневам во мојот тим и дека може да одиграме како и на претходните натпревари. Не сум тренер што се жали за состојбата, едноставно работам и верувам во тоа што е на располагање. На мака се познаваат јунаците. Сите да го дадат максимумот за да забележиме позитивен реузлтат. Впрочем, резултатот е тоа за што се игра фудбалот. Сакаме да ја завршиме 2017 година со успех, зошто да не забележиме прв триумф и во меѓусебните дуели со Норвешка? Резулатот секако дека е во прв план“, изјави Ангеловски.

Мечот меѓу Македонија и Норвешка се игра в сабота од 18.30 часот, а цената на истите е 150 и 100 денари. Со евентуален триумф над Норвежаните, Македонија ќе направи нов напредок на ФИФА-листата.