Ангеловски: Ќе играме офанзивно и одговорно, нè мотивира моќниот ривал

Ќе падне ли Полска во официјален натпревар? Една од репрезентациите против која не сме извојувале позитивен резултат стои на патот на нашата непобедливост во квалификациите. Прекрасната низа од последните два месеци од минатата година и првата половина од годинава ветуваат дека нашата позитивна низа ќе продолжи.

Селекторот Игор Ангеловски на денешната средба со новинарите ја пренесе атмосферата од соблекувалната.

„Она што е добро не треба да се менува и неколку пати сум изјавил дека сум среќен како човек и тренер што работам со вакви фудбалери и вакви личности. Ќе излеземе со цел да се бориме за позитивен резултат против еден квалитетен противник.

Среќен сум што повредите нè одминаа. Дел од оние кои се враќаат од повредите направиja сè што можат да се вратат и да играат на овие натпревари. Тоа покажува какви личности имаме во тимот и тоа може само да ме радува. Ќе играме максимално офанзивно и одговорно и нема да менувам ништо од мојата филозофија“, смета селекторот.

Ангеловски потоа ја анализираше селекција која е лидер во нашата група и која без првиот голман Шчешни попладнево доаѓа во Скопје.

„Ни доаѓа една квалитетна селекција, а тоа буди многу мотиви кај нас да се избориме за позитивен резултат и да покажеме колку вредиме. Левандовски е добар играч, но ние ќе играме против Полска. Само со тимска игра се справуваме со секој противник, па така ќе биде и утревечер. Воопшто не е важно против кој ривал играме, туку за што играме. Убеден сум дека тие кои ќе излезат на терен ќе го дадат последниот атом да се радуваме“, заврши Ангеловски.

Полските репрезентативци без Шчешни, но со триото напаѓачи Милик, Левандовски и Пјонтек попладнево ќе тренира на нашиот најголем стадион, а средба со новинарите предвидена е за 17:30 часот.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 4 4 0 0 8:0 8 12
2 ИзраелИзраел 4 2 1 1 8:7 1 7
3 АвстријаАвстрија 1 4 2 0 2 7:6 1 6
4 СловенијаСловенија 1 4 1 2 1 7:3 4 5
5 МакедонијаМакедонија 2 4 1 1 2 5:7 -2 4
6 ЛетонијаЛетонија 4 0 0 4 1:13 -12 0