Ангеловски: Ќе играме како да имаме ист број на бодови со Ерменија, како да е одлучувачки меч!

Неколку часа подоцна од предвидениот термин, селекторот и капитенот на нашата репрезентација, зборуваа на официјалната прес-конференција пред четвртиот натпревар од групата во Лигата на нации меѓу Ерменија и Македонија, утре попладне во Ереван.

Ангеловски ги отфрли калкулациите и најави дека Македонија ќе игра само на победа, како и на трите претходни средби оваа есен.

„Не е наш проблем тоа што Ерменија загуби од Гибралтар. Ние се подготвуваме за утрешниот натпревар, но знаеме дека Ерменците се добар национален тим. По поразот од Гибралтар веројатно ќе бидат лути да реагираат против нашата селекција. Многу далеку е Европското првенство и не мислиме на таа шанса. Во главата ни е само утрешниот натпревар и можноста да извојуваме позитивен резултат. Сите фудбалери се здрави и спремни и тоа ме радува. Нема да го потцениме противникот, верувам дека ќе бидат лути и мотивирани утревечер. Ова не е натпревар само со ривалите во нашата група, туку со сите останати. Мора да размислуваме како да е 0-0 и како да имаме ист број на бодови со Ерменија. Само така можеме да извадиме максимум. Не смееме да ги потцениме, тоа би било погубно. Играчите и тактичката поставеност ни се познати, ќе одговориме на било која нивна формација. Го гледав натпревар на Ерменија со Гибралтар, играа со истиот систем како и со стариот селектор, па се подготвуваме за таа игра. Сепак, ние сме најважните и мора да мислиме најмногу на себе“, заврши селекторот. 

Тимот за утрешното соочување ќе биде познат вечерва кога репрезентативците ќе имаат можност за видео анализа. Дуелот меѓу Ерменија и Македонија ќе го води 41-годишниот Мартин Стромбергсон од Шведска. 

УЕФА Лига на нации, Лига Д, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МакедонијаМакедонија 6 5 0 1 14:5 9 15
2 ЕрменијаЕрменија 6 3 1 2 14:8 6 10
3 ГибралтарГибралтар 6 2 0 4 5:15 -10 6
4 ЛихтенштајнЛихтенштајн 6 1 1 4 7:12 -5 4