Ангеловски: Издржавме 75 минути со Полска, да ми беа сите играчи на број ќе беше друго

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да дојде до позитивен резултат во Полска и со два примени гола во второто полувреме доживеа пораз (2-0). По натпреварот разочарувањето кај сите беше големо, а селекторот Игор Ангеловски истакна дека жали што овој дуел се отворил по наша грешка.

„Немам никакви забелешки кон моите фудбалери, особено за борбеноста и ангажираноста во текот на целиот натпревар. Против една Полска издржавме 75 минути и навистина ми е многу жал што по една наша грешка противникот го отвори резултатот. Знаеме против каква селекција игравме и токму нивното искуство од вакви мечеви го реши вечерашниот победник. Исто така морам да напоменам дека доколку ги имав сите фудбалери на располагање ќе беше многу поразлично на терен“, изјави Ангеловски.

Натпреварите од квалификациите за ЕП 2020 продолжуваат во ноември, а на следниот дуел, Македонија ќе гостува кај Австрија на која ѝ недостасува еден бод од последните два меча за официјално да биде промовирана во патник на континенталниот собир.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 8 3 2 3 15:15 0 11
6 ЛетонијаЛетонија 8 0 0 8 2:27 -25 0