ФОТО: Ангеловски гостин на „Шукру Сарачоглу“ - го скенираше Елмас!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, викендов одлучи да го искористи за посета на Истанбул, односно да го следи првиот овосезонски натпревар на турскиот гигант Фенербахче против Бурсаспор. 

Ангеловски со уште неколку свои пријатели од ложата на „Шукру Сарачоглу“ ја скенираше играта на младиот Ељиф Елмас, кој на овој меч не доби шанса од почеток и ги одигра последните 10 минути. 

Елмас важи за најталентираниот македонски фудбалер, па за очекување е присуството на Ангеловски на неговите натпревари. Нашиот селектор веќе години наназад будно ги следи сите настапи на македонските таленти и во живо се уверува во нивната натпреварувачка и ментална форма.