Ангеловски го прекинува одморот и седнува на клупата на клуб од Косово?

Македонскиот тренер Игор Ангеловски многу веројатно ќе го прекине одморот и одново ќе седне на фудбалската клупа. Барем така тврдат медиумите од соседно Косово.

Имено, најуспешниот селектор во нашата фудбалска историја е пред преземање на кормилото на косовскиот прволигаш, Приштина, кој пред неколку дена се раздели со Арсим Тачи. Наводно, преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и договорот би можел да биде потпишан наскоро. Доколку биде официјален, Игор Ангеловски ќе стане најпознатиот тренер што некогаш го клубот од престолнината на Косово. 

Во својата клупска кариера Ангеловски досега ги водел Работнички, Горица во Хрватска и Каспиј Актау во Казахстан.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.