Ангеловски го повика Кире Маркоски, против Норвешка без Ѓорѓев и Несторовски

Селекторот нарепрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски дополнително го повика Кире Маркоски од Работнички за контролниот натпревар против Норвешка на 11 ноември на Националната арена „Филип Втори” во Скопје.

Кире Маркоски ќе го замени напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски, кој е ослободен од репрезентативни обврски за овој дуел. 

Поради повреда селекторот Ангеловски нема да може да смета ниту на Никола Ѓорѓев, а по утрешниот собир ќе се знае дали Кире Ристевски и Висар Муслиу ќе бидат во составот за натпреварот со Норвешка. Неизвесен е и настапот на Аријан Адеми, кој се повреди на тренинг и состојбата на неговиот скочен зглоб ќе биде познат утре по неговото пристигнување во Скопје.

Собирот на А репрезентацијата е закажан утре во 12.00 часот во хотелот „Гранд Плаза”.