Ангеловски го потроши претпоследниот „џокер“, Горица загуби и од Хајдук

Македонскиот стратег Игор Ангеловски со својата Горица забележа нов пораз во хрватскиот фудбалски шампионат. Човекот кој што ја одведе Македонија на историското Европско првенство никако не може да го најде рецептот за успех во новата средина и Горица веќе е во „црна серија“ од четири порази.

Последниот го забележа од славниот Хајдук. На „Пољуд“ Мрме и неговите избраници загубија со 3-1 (1-1), а со оглед на настаните на натпреварот малку фалеше поразот да биде уште поубедлив. 

Со вечерашниот неуспех Ангеловски го искористи претпоследниот „џокер“, па сега последна шанса за да ја зачува работата ќе му биде дуелот со Славен Белупо. Имено, пред неколку дена македонскиот тренер си поднесе оставка, но истата не беше прифатена од раководството на клубот, кое му даде уште две шанси.

Горица е последна на табелата со само шест бода (една победа и три ремија), додека Хајдук е во позитивна серија од пет натпревари без пораз. 

Состави

Џенаро Гатузо

4-3-3

    Rajko Vidovic

    4-4-2