ФОТО: Ангеловски ги крои последните планови за дебито со Австрија!

Фудбалската репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за претстојните предизвици на Европското првенство. 

Нашата делегација веќе неколку дена непречено ги извршува задачите за дебито против Австрија, а селекторот Игор Ангеловски ги крои последните планови за историскиот натпревар кој секој македонски фан го очекува со нетрпение.

Атмосферата во селекцијата е на високо ниво, Ангеловски на располагање ги има сите фудбалери, што значи дека засега нема непосакувани повреди и проблеми со неговиот ростер.

Дебито со Австрија го играме в недела на „Националната Арена“ во Букурешт, која според последните информации многу веројатно ќе прими 27.000 луѓе, што би значело 50% од вкупниот капацитет.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија