Ангеловски: Гатузо сега сигурно добро ги сфати квалитетите на Елмас!

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, се радува што Ељиф Елмас конечно почна да ја добива потребната минутажа во Наполи. Предводникот на А-тимот ја коментираше партијата на младиот играч против Интер и изрази задоволство од истата.

Ангеловски истакна дека Елмас уште еднаш покажал дека е универзален фудбалер, затоа што на овој дуел играше како напаѓач, а исто така вели дека Гатузо сега треба да ги знае вистинските квалитети на македонскиот репрезентативец, затоа што му даде минутажа и имаше што да види.

„Се чув со Елиф и му честитав за натпреварот против Интер. Беше среќен од изданието. Во новата улога која му ја даде Гатузо, Елмас одигра доста добро, но не е изненадување, затоа што тој покажа дека може да игра напаѓач и во Македонија. Даде два гола од истата позиција против Словенија. Споредено со 4-4-2, Елмас е универзалец во 4-3-3 затоа што може да игра на позиција во средниот ред, но и како напаѓач. Со добрата игра против Интер, Елмас покажа дека заслужува доверба од Гатузо. Можеше да игра повеќе оваа сезона затоа што се работи за извонреден играч, но кога и да се најдеше на терен, знам дека не разочаруваше. Важно ни е Елмас да игра, пред мечот со Косово во Лигата на нациите. Гатузо дојде оваа сезона, добро го анализираше составот и мислам дека сега ги сфати квалитетите кои ги поседува Елмас. Според мене, ќе игра повеќе во вториот дел од сезоната“, изјави Ангеловски.

Наполи победи (1-0) во првиот полуфинален натпревар во Копа Италија против Интер, а Елмас имаше добро издание. Претходно, во Серија А, македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол во дресот на наполитанците кај Сампдорија (2-4).