Ангеловски: Една лошо исфрлена топка нè чинеше пораз

Македонската фудбалска репрезентација првпат е поразена во официјален натпревар во Скопје годинава, а ова е прв домашен пораз за селекцијата под водство на Ангеловски по пауза од една и пол година. Претходно само уште Шпанија, Италија и Израел триумфирале на наш терен.

Вечерва, Полска беше поснаодлива и славеше со 0-1, а на прес-конференцијата средбата ја анализираше нашиот селектор.

„Самата игра налагаше да играме на нафрлени топки во вториот дел. Полска поведе, се повлече и моравме така да одговариме. Имавме свои шанси, Фабиански му одбрани прекрасна шанса на Несторовски во вториот дел. Една лошо исфрлена топка нè чинеше пораз, но тоа не може да фрли црна дамка во натпреварот. Ако го погледнете статичкиот приказ, Полска славеше со само еден удар во голот. Знам дека резултатот е најважен, но истиот пристап ќе го повториме и со Австрија и се надевам дека нема да ни се случат вакви грешки. Аплаузот на крајот од натпреварот говори како одиграа нашите фудбалери. Имавме ситуации во кои моравме да реагираме подобро. Не би говорел од што не сум задоволен, тоа ќе им го објаснам на фудбалерите во соблекувалната. Немам никаква замерка на борбеноста. Резултатот налагаше да менувам од 3-5-2 во 4-4-2, единствено замената со Ристовски беше принудна, бидејќи Стефан се пожали на повреда на листот“, заврши Ангеловски. 

Полска со девет бода е лидер во нашата група, а нашиот национален тим има три дена да се соземе и в понеделник против Австрија во Скопје да се врати на победнички колосек. 

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 6 4 1 1 8:2 6 13
2 СловенијаСловенија 1 6 3 2 1 12:5 7 11
3 АвстријаАвстрија 1 6 3 1 2 13:6 7 10
4 ИзраелИзраел 6 2 2 2 11:11 0 8
5 МакедонијаМакедонија 6 2 2 2 8:8 0 8
6 ЛетонијаЛетонија 6 0 0 6 1:21 -20 0