ФОТО: Игор Ангеловски доби свое место во албумот ЕВРО 2020 на „Панини“!

Македонија го живее „Панини“ лудилото за првпат во историјата со националниот тим во еден албум. ЕВРО 2020 на големо се собира во државата затоа што фудбалерите ќе играат на европскиот собир, а на социјалните мрежи кружи интересна фотографија.

Еден од колекционерите се сетил да најде место за селекторот Игор Ангеловски. Затоа што тренерите ги нема во албумот, тој решил да направи сликичка со ликот на популарниот Мрме, а и најде и доста добро место.

„Затоа што Ангеловски заслужува да го има овде!“, стои во дел од коментарите. Кружи и фотографија каде повеќето ја лепат лично изработената сликичка од Игор Ангеловски.

Албумот на „Панини“ официјално е два дена во продажба, а во него има преку 650 сликички.