Ангеловски: Австрија и Израел ќе ни бидат добра подготовка за Косово

Фудбалската репрезентација на Македонија повторно ќе биде на едно место и ќе се подготвува за наредните два предизвици во евроквалификациите, тоа се дуели со Австрија и Израел. Селекторот Игор Ангеловски ги отвори картите, а на прес-конференцијата пред медиумите истакна дека на следните дуели ќе се оди на успех, затоа што се претставува државата.

>>> Список за Австрија и Израел: Без Адеми, се враќа Барди, повик за Аврамовски...

„Од стандардниот список нема да може да сметаме на неколку фудбалери. Со Австрија нема да може да играат Муслиу, Николов и Несторовски, но ќе ги имаме Барди и Велковски. Повикани се Ѓорѓев и Аврамовски кои играат во добра форма. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто од тимот на следните два меча. Австрија одигра подобро од нас во Скопје, се работи за доминантна репрезентација во овие квалификации. Но, тоа е само мотив плус за нас да се покажеме во подобро светло. Не ни е сеедно како ќе заврши мечот во Виена. Се наоѓаме во ситуација да мора да размислуваме и за Косово и полуфиналето на Лигата на Нациите, затоа што немаме пријателски натпревари по овие дуели“, изјави Ангеловски.

Македонија прво гостува кај Австрија во Виена, а потоа следи домашен меч во Скопје против селекцијата на Израел. Првиот меѓусебен меч на нашиот национален тим и Австријците заврши со убедлив триумф на ривалот (1-4), додека со Израелците се ремизираше во Беер Шева (1-1).

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 10 8 1 1 18:5 13 25
2 АвстријаАвстрија 10 6 1 3 19:9 10 19
3 МакедонијаМакедонија 1 10 4 2 4 12:13 -1 14
4 СловенијаСловенија 1 10 4 2 4 16:11 5 14
5 ИзраелИзраел 10 3 2 5 16:18 -2 11
6 ЛетонијаЛетонија 10 1 0 9 3:28 -25 3