Ангелов и Барди на чекор до финалето на унгарскиот Куп

Двата младински репрезентативци на Македонија, Виктор Ангелов и Енис Барди се наоѓаа многу блиску до пласман во финалето на Купот на Унгарија во фудбал, откако во првиот меч од полуфиналето нивниот Ујпешт на домашен терен ја совлада Бекешчаба со 2-0 (0-0) со головите на Ласло Ленце во 53. и 87. минута. 

Ангелов влезе во игра во 58. минута а две минути подоцна од клупата шанса доби и Барди. Возвратниот меч се игра во Бекешчаба на 13 април.

Во вториот полуфинален натпревар Дебрецин и Ференцварош играа без голови 0-0.