Ангелче Тимовски мета на три прволигаши од Македонија

Ангелче Тимовски се раздели со Шкендија и бара нова средина како слободен, а три екипи засега се заинтересирани за неговиот потпис, непосредно пред стартот на подготовките за новата сезона.

За услугите на 27-годишниот играч во редот стојат екипите на Работнички, Струга Трим Љум и Силекс. Трите екипи бараат да го засилат средниот ред, а во Тимовски се гледа идеална опција поради неговото големо прволигашко искуство.

Тимовски минатата сезона во дресот на Шкендија одигра 27 натпревари на кои постигна два гола. Тој настапуваше и за екипите на Силекс и Победа во минатото.

Приоритет на фудбалерот во моментов е трансфер во странство, но доколку не се пронајде интернационален ангажман, тогаш Тимовски ќе ги разгледа понудите од домашната сцена.