Ангел Гранчов ја засили одбраната на Академија Пандев

Екипата на Академија Пандев донесе засилување во своите редови и потпиша договор со бугарскиот интернационалец Ангел Гранчов.

27-годишниот Гранчов настапува во одбраната, а ќе биде замена за Маслаќ кој си замина од Струмица. Последен клуб на Бугаринот му беше албански Фљамуртари, каде одигра вкупно пет натпревари.

Пред да замине во Албанија, тој играше и за Минор Перник, Стал Миелец, Нефтохимик, ЦСКА Софија, Славија Софија и Локо Пловдив.