Анес Османоски ја зацврсти средината на Работнички

Работнички го доведе второто ново име во пресрет на новата сезона. Анес Османоски е ново засилување за тимот на Александар Влахо. 21-годишниот играч од средниот ред потпиша договор со Работнички и се приклучува на „романтичарите“.

Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен што Османоски го прифати предизвикот да му пристапи на Работнички.

„Анес Османоски е квалитетен фудбалер од средниот ред. Успеавме да постигнеме договор да ни се придружи и лично се надевам дека ќе донесе квалитет плус и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот. И во наредниот период продолжуваме со активности на трансфер-пазарот во пресрет на новата сезона“, вели Горан Станковски.

Претходно, за Работнички потпиша и дефанзивецот Бојан Илиевски кој дојде од редовите на Пелистер. Османоски на домашната сцена играше за Борец и за Брегалница, а претходно настапуваше за германски Унтерахинг.