• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Анел Селимоски се сели во нов клуб во Австрија и следниот дел од сезоната ќе го мине во второлигашкиот ранг каде ќе игра за Капфенберг.
20-годишниот играч кој по потекло е од Битола целиот свој фудбалски пат го мина во Австрија. Почна во Колумбија, потоа беше во младинскиот тим на ФАЦ, за потоа да игра за 1210 Виена. Нов чекор во кариерата ќе му биде Капфенберг кој игра во втората лига.
Капфенберг по 16 одиграни кола се наоѓа на десеттото место на табелата во популарната Ерсте Лига и го чека битка за опстанок до финишот.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк